Skip to main content
Радио МОФ емисии

Радио МОФ емисии

By Radio MOF

Сите емисии на Радио МОФ на едно место
Currently playing episode

Tea spill session со другарите на Деки

Радио МОФ емисииDec 22, 2022

00:00
01:09:19
ДРАГичка S01EP11 - Daria Buffy

ДРАГичка S01EP11 - Daria Buffy

Кажете ДРАГичка, за 11тата епизода. Водителката Дариа Бафи овој пат е гостинка и разговара со Линда Социјалиста за дрег уметноста, искуство со дрег и организација на многуте дрег настани.

Baiiiiiii 💅

May 06, 202445:09
ДРАГичка S01EP10 - Stefan Strange

ДРАГичка S01EP10 - Stefan Strange

Кажете ДРАГичка, за 10тата епизода. Водителката Дариа Бафи разговара со Стефан Стрејнџ за дрег уметноста и неговото искуство со дрег.

Baiiiiiii 💅

Apr 22, 202451:37
Претставата „Види, летам!“ поттикнува емпатија кон бегалците и лицата без државјанство

Претставата „Види, летам!“ поттикнува емпатија кон бегалците и лицата без државјанство

Театарската претстава „Види, летам!“ во режија на Ивана Ангеловска кон крајот наноември минатата година беше одиграна и пред штипската публика. 

Основна цел на овој театарски проект на независниот „Вондерленд театар“ е да сепоттикне емпатијата кон бегалците и лицата без државјанство. 

Петмината млади актери на театарската сцена, прикажаа автентични искази и приказни налуѓе кои успеале да се спасат од војна, но и на граѓани кои се без државјанство. 

Премиерно, претставата беше одиграна во МНТ во Скопје, а освен во Штип, бешеизведена во Тетово, Куманово и Гевгелија. Проектот е поддржан од УНХЦР и Младинскиобразовен форум (МОФ).

Авторка: Милена ТасеваI година СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ - Штип

*Оваа објава е дел од #МладинскиГлас – мини рубрика на Радио МОФ каде се објавуваатсодржини од членовите на новинарските клубови на Радио МОФ. Видеото е изработеноод клубот во Штип под менторство на новинарката Александра Ристевска.

Apr 19, 202402:16
ДРАГичка S01EP9 - Clara Mark

ДРАГичка S01EP9 - Clara Mark

Кажете ДРАГичка, за 9тата епизода. Водителката Дариа Бафи разговара со Клара Марк за нејзините почетоци и искуство со дрег уметноста. Дариа вели дека тоа е кралицата со луда енергија.
Baiiiiiii 💅
Apr 08, 202421:15
Интервју со Лидија Димковска, авторка на „Единствен матичен број“ кој е Роман на годината 2023

Интервју со Лидија Димковска, авторка на „Единствен матичен број“ кој е Роман на годината 2023

„Единствен матичен број“ ја доби наградата „Роман на годината“ за 2023, која по јубилеен 25 пат ја додели Фондацијата „Славко Јаневски“. Во интервју со писателката Лидија Димковска разговараме за процесот на пишување на романот, градењето на книжевните ликови и слоевитоста што ја содржи текстот.

Apr 04, 202428:56
ДРАГичка S01EP8 - Iggy Mona Asentra

ДРАГичка S01EP8 - Iggy Mona Asentra

Кажете ДРАГичка, за 8мата епизода. Водителката Дариа Бафи разговара со Иги Мона Асентра и вели дека тоа е кралицата со најженствената и вештерска енергија.

Baiiiiiii 💅

Mar 25, 202425:03
Guerilla Radio - Јордан Костов S08EP4

Guerilla Radio - Јордан Костов S08EP4

Во најновото издание на Герила Радио гостува Јордан Костов музичар пијанист, хармоникаш и продуцент. Со него, Гиле зборуваше за неговиот нов албум и слушаме негова музика. 

Mar 19, 202401:34:49
ДРАГичка S01EP7 - Electra Blossom

ДРАГичка S01EP7 - Electra Blossom

Кажете ДРАГичка, за 7мата епизода. Водителката Дариа Бафи разговара со новата енергична и електрична кралица Електра Блосом за нејзините почетоци, и драг персонa. 

Baiiiiiii 💅


Mar 11, 202418:17
ДРАГичка S01EP6 - Estella Dark

ДРАГичка S01EP6 - Estella Dark

Кажете ДРАГичка, за 6тата епизода. Водителката Дариа Бафи разговара со кралицата на темината Естела Дарк за нејзините почетоци, и драг персонa.

Baiiiiiii 💅

Feb 27, 202425:19
ДРАГичка S01EP5 - Fendi Mama

ДРАГичка S01EP5 - Fendi Mama

Кажете ДРАГичка, за петата епизода. Водителката Дариа Бафи разговара со Фенди Мама за нејзиниот почеток, карактерот на нејзината персонa.

Baiiiiiii 💅







Feb 12, 202426:25
Guerilla Radio S08EP3

Guerilla Radio S08EP3

Во новата епизода на Герила Радио гостува писателот, радио водител и критичар Игор Анѓелков. 

Со него, Гиле зборуваше за книжевноста, домашната и светската музичка сцена, за неговите радио и телевизиски емисии на Канал 103, Равел и Филмополис на ТВ Телма, како и за неговиот ангажман како селектор на филмскиот фестивал Киненова.


Feb 12, 202401:21:34
„Големите мисли на малиот мозок„ S01EP01

„Големите мисли на малиот мозок„ S01EP01

Иднината беше подобра вчера. Се чини вчера бевме сигурни дека ќе се будиме во свет што е демократски, либерален, капиталистички, отворен, слободен... а сега ги преиспитуваме сите овие концепти и што всушност значат тие за нас на фундаментално ниво како источни, западни или Европски општества. Кризата на модерниот либерализам – иднина за која не е сигурно дека ќе биде демократска и либерална, а и треба ли да биде?

Гостин на Афродита во подкастот е Кристијан Фидановски. Докторант по социјални политики на универзитетот Оксфорд, каде ги проучува политиките за стимулирање на наталитетот на Балканот и во источна Европа. Кристијан има магистрирано политички науки и источноевропски студии на универзитетот Џорџтаун во Вашингтон, а има дипломирано во истата област на Универзитетскиот колеџ Лондон (UCL). 

Доколку ве интересира подлабоко да навлезете во оваа тема, ви ја препорачуваме книгата The Light that Failed: A Reckoning, 2019. Автори: Ivan Krastev, Stephen Holmes 


Feb 08, 202448:36
What's Youth Got to Do WIth it? S1EP1

What's Youth Got to Do WIth it? S1EP1

„What's Youth Got to Do With it?", titled 'What does the future look like for you? New technology, AI, and economic opportunities for youth'.

Feb 06, 202449:06
ДРАГичка S01EP4 - Дејан Сламков

ДРАГичка S01EP4 - Дејан Сламков

Во новата епизода на ДРАГичка гостин е нашиот ДЈ Дејан Сламков познат по најдобрите забави во Скопје. Водителката Дариа Бафи со Дејан направија ретроспектива за 2023 година и дискутираа за сите настани во текот на годината. 

Jan 30, 202441:59
Guerilla Radio S08EP2

Guerilla Radio S08EP2

Во новата новата епизода на Guerilla Radio. Гостин на Гиле му е Кире Мирчовски виртуоз гитарист со кого разговараа за албумот INSANUS, за почетоците на Кире. Rock & roll животот како автор и соработката со други артисти! 🤘

Jan 30, 202448:58
ДРАГичка SE01EP03- Tia Doll

ДРАГичка SE01EP03- Tia Doll

She is here and she is queer!
Кажете ДРАГичка, за третата епизода, и прва во новата година каде што ни гостуваше нашата една и единствена Тиа Дол. Водителката Дариа Бафи разговара со нејзе за нејзиниот почеток, интересни случки и спомени од минатите настани.

Jan 16, 202425:27
ДРАГичка EP02SE01

ДРАГичка EP02SE01

Во втората епизода на подкастот ДРАГичка ни гостува нашата една и единствена Линда Социјалиста, со нејзе разговараме за нејзиниот почеток, интересни случки и спомени од минатите настани. Водителка ни е нашата Дариа Бафи.

Dec 26, 202333:16
Hip Hop Mania ep01

Hip Hop Mania ep01

Во првата епизода од деветтата сезона од емисијата Хип Хоп Манија го слушаме албумот A Gangster and a Gentleman на американскиот рапер Styles P.

Dec 21, 202301:26:44
Jas sum Cako ep01

Jas sum Cako ep01

Во првата емисија оваа сезона на „Јас сум Цако“,Цако ги отвора темите врзани со професијата стоматолог и односот со лицата со попреченост. Исто така, дигитализацијата на книгите и образованието, размена на младите во Еразмус проектите, како и теми за сексуално образование и родово базирано насилство.
Гостинката во емисијата е Елизабета Ѓоргиевска, првата дама на Република Северна Македонија.

Dec 21, 202344:07
Guerilla Radio S08E01

Guerilla Radio S08E01

Слушнете ја првата епизода на емисијата Guerrilla Radio која ја обработува рок музиката и нејзините подвидови, историјат и биографии на бендови и автори.
Овој пат, гостин е Влатко Митревски - Зајче од ,,Ширшаја", човек со солидна километража во независната сцена, особено ако се земат предвид сите музички дружби во култното ,,Олд Скул".

Dec 19, 202301:15:26
ДРАГичка S01E01

ДРАГичка S01E01

She is here and she is queer!

Кажете ДРАГичка, затоа што во 20 часот започнува новиот аудио подкаст на Радио МОФ.

Нашата водителка и дрег-кралица Daria Buffy е подготвена да ве воведе во светот на (локалната) драг сцена.Првата гостинка е локалната дрег-кралица Бела Техника, а со неа ќе разговараме за почетоците, нејзината моментална ситуација и случки од минатото.

Dec 19, 202324:33
Дебели гикови - S01E01

Дебели гикови - S01E01

Запознајте ги Марио и Огнен, двајца млади дечки кои што се фанатици по најголемото движење во светот – Поп Културата. После долго години имање идеја и обиди за креирање на подкаст емисија во Македонија, конечно нивните соништа се исполнија и направија нешто ептен ново што во Македонија до сега и ретко кој успеал да го започне да го направи!Подкастот ‘Дебели Гикови’ е на самите почетоци, но се стреми да стане нешто поголемо, да стане медиум кој што ќе известува за најновите теми од делот на Поп Културата во светот, но многу повеќе и во Македонија. Подкаст каде што ќе се збори за филмови, стрипови, серии, игри, каде што ќе има многу гости кои што имаат удел во Поп Културата.Уживајте во првата епизода, напишете ги вашите импресии за оваа Пилот Епизода во Коментарите, а нормално напишете и некои сугестии бидејќи вашите критики и коментари ни значат! А до тогаш уживајте во Поп Културата бидејќи Дебелите Гикови се спремни да направат бум!

Dec 15, 202301:26:24
Izdishi se se02 ep01

Izdishi se se02 ep01

Темата на првата епизода од втората сезона на подкастот „Издиши се”, се однесува на Burnout синдромот и неговото влијание во секојдневието.Водителката Симона Паскоска со гостинката Верица Бакулеска која е лиценциран психолог, се обидуваат да го дефинираат burnout синдромот и преку секојдневни примери да го доближат до слушателите. Преку едукативниот разговор, водителката и гостинката истакнуваат насоки и препораки како да се избегне синдромот на прегорување и доколку се појави кои чекори треба да се преземат за да не влијае целосно во секојдневните активности.

Dec 15, 202322:05
Подкастери: Ментално здравје

Подкастери: Ментално здравје

Трет Подкастери подкаст со Моника Наумовска и Михаела Трајковска на тема „Ментално здравје“.


Нивна гостинка е Бојана Стојменовиќ, психолог и креатор на „Мој психолог”, која зборуваше повеќе за тоа што е клучно во процесот на формирање на една личност, кои фактори влијаат врз тој процес и како, но сподели и неколку совети и насоки на темата.


Поддршка и насока во целиот процес добија од менторката на програмата Дајана Лазаревска.Целиот процес е дел од е дел од Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“ Media Literacy Project YouThink имплементиран од IREX и Младински образовен форум.

Jul 25, 202346:38
Подкастери: Музикотерапија

Подкастери: Музикотерапија

Втор подкаст на Подкастери со Ива Пуовиќ и Ангела Ивановска на тема „Музикотерапија“.


Во подкастот ќе слушнете повеќе за влијанието на музиката врз една личност и за различните начини на кои музиката може да влијае позитивно на нашето психофизичко здравје. Подкастот е изработен под менторство на Ана Зафирова, а целиот процес и продукт се дел од е дел од


Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“ Media Literacy Project YouThink имплементиран од #IREX и Младински образовен форум.

Jul 21, 202326:25
Подкастери: Кариерен напредок
Jul 18, 202320:18
Гласно за фудбалот е01

Гласно за фудбалот е01

Која е улогата на фудбалот е темата на подкастот „Гласно за фудбалот“.

Белма Бабачиќ разговара со Дамјан Петревски и Дејан Серафимовски кои веќе 12 години тренираат во македонскиот клуб „Македонија Ѓорче Петров“, но и со Давид Чеков, кој игра фудбал во клубот „Алуминиј“ во Словенија.

Jul 02, 202309:43
Заедничарење е03 - Највело општини во Скопје

Заедничарење е03 - Највело општини во Скопје

Дупки, контејнери и коли по вело-патеките, високи рабници меѓу тротоарите, стресно возење по маалски улички, недостаток на зони „30“... Центарот за Одржливи иницијативи спроведуваше истражување за условите што Скопје ги нуди, или не ги нуди за граѓаните на велосипеди. Притоа, за првпат годинава Центарот ја воведува наградата за „Највело општина“.

Оттука во новата, тазе епизода од подкастот „Заедничарење“ со Мери Бакалова Стојанова од Центарот дискутираме за тоа што значи вело-општина. Дали општините се пријателски настроени кон велосипедистите, колку се безбедни за возење точак, дали треба повеќе да се работи на вело-инфраструктурата, но и воопшто на културата?

Разговорот го води Бојан Шашевски

Jul 01, 202326:21
Jas Sum Cako ep09

Jas Sum Cako ep09

Во новата епизода на емисијата „Јас сум Цако“ ќе има одлична забава. Со гостите Марга и Кире зборуваме за музиката и книжевноста, а од другата страна на микрофоните се Цако и Денис Јанкулоски.

Jun 26, 202327:14
Izdishi se ep07

Izdishi se ep07

Во седмата епиозда „Издиши се”, Симона зборува за самодовербата и мотивацијата како клучни елементи во нашето секојдневие. Со гостинката Лина Стефановска, студент на психологија, се обидува да ја дефинира важноста на овие два клучни елементи, како и да го долови нивното влијание и моќ. Преку едукативниот разговор детално се задржува на насоките кои треба да ги следиме за да ги подобриме и задржиме што е можно повеќе.

Jun 16, 202334:16
Izdishi se ep06

Izdishi se ep06

Симона во шестата епизода зборува за тоа како да се одржи здраво ментално здравје во време на социјални мрежи. Во подкастот се дискутира и за позитивните и негативните страни на социјалните мрежи како и за нивното влијание врз секојдневието. Со гостинката Марија Стојановска, дипломиран психолог, Симона се обидува да објасни како да се одржи баланс меѓу она што секојдневно го гледаме на социјалните мрежи и она што навистина се случува. Како да се живее сопственикот живот без да се обрнува внимание на туѓите животи претставени на социјалните мрежи.

Jun 16, 202328:57
Збор - Звук - Сила ep08

Збор - Звук - Сила ep08

Во осмото издание на „Збор, звук и сила“ (Word, Sound & Power) се качуваме на крилјата на реге звуците и летаме низ целиот свет.
Ќе одиме во Франција, Англија, Полска, Италија и Шпанија, а потоа во Канада и САД и на крајот, се разбира, на Јамајка.
Уредникот и водител на емисијата, Регесаурус Гето Руди зборува за степерс музиката, потправец на регето што станува сè поактуелен! Па, затоа, во емисијата имаме и степерс ремикс на Боб Марли, но и новиот сингл на Ману Чао, кој исто така се испробува во овој музички стил

Jun 16, 202301:08:04
Seksi maalo ep04

Seksi maalo ep04

Што се случува кога љубовта ќе застане на стаклени нозе? Која боја се знаменцата што ни ги праќа партнерот? Дали ова е крајот на врската?
 Слушнете што имаат да кажат на тема раскинување врсничките едукаторки Иларија и Марта, во најновата епизода на Секси Маало.

Jun 13, 202341:25
Подкастинација е01

Подкастинација е01

Ако сакате да ја сфатите суштината на светот, како правилно да се бришете, како револуцијата ја победи еволуцијата - слушнете го разговорот со Катерина Димитровска.

Водителка на „Подкастинација“ е Александра Арсовска


Jun 01, 202359:31
Izdishi se ep05

Izdishi se ep05

 На линкот следете нова оваа епизода на „Издиши се”, подкастот за „поправка“ на секојдневното расположение.

 Темата на петтата епизода е фокусирана на психолозите, нивната работа, начинот на кој пристапуваат, но и на тоа дали посетата на психолог е табу тема во нашето општество. Со гостинкатa Верица Бакулеска - лиценциран психолог, дел од тимот на разговор.мк., Симона се обидува да објасни кога е најпотребно да се разговара со психолог и на кој начин психологот помага во процесот на решавање на одреден проблем. See less

May 25, 202329:36
Hip Hop Mania ep07 - Jadakiss Kiss tha Game Goodbye

Hip Hop Mania ep07 - Jadakiss Kiss tha Game Goodbye

Клик на линкот горе за да ја проследите осмата епизода од Хип Хоп Манија, а воедно да слушнете што ви спремил Бесниот Витез ака Дино Шркињариќ Во оваа епизода прави осврт на Kiss tha Game Goodbye, деби албумот на американскиот рапер Jadakiss.
Упалете ушите и уживајте!

May 25, 202301:23:31
Jas sum Cako ep08

Jas sum Cako ep08

Со Ирена Лозана и Денис Јанкуловски зборувавме за предизвиците со кои се соочуваат лицата со атипичен развој. Исто така Ирена ни раскажа како поминала инклузивната трка во градскиот парк, додека пак Денис ни раскажа за создавањето на неговата книга, како и за нејзината прoмоција што ќе се случи на 27 мај во МКЦ.

May 25, 202329:16
StereoTip ep04

StereoTip ep04

Оваа епизода навлегуваме во фасцинантниот свет на музички талентирани деца и наоѓање на совршен ментор. Сите сакаме да видиме како нашите деца успеваат во нивните избрани страсти, а во оваа епизода ќе истражиме како да ги идентификуваме и негуваме музичките способности и ќе обезбедиме насоки за наоѓање на вистинскиот ментор кој ќе ги подигне вештините на детето на следното ниво. Без разлика дали сте искусен музичар или комплетен почетник, ќе споделиме практични совети кои ќе ви помогнат да се движите по ова возбудливо патување со сигурност. Затоа, седнете, земете ги слушалките и уживајте во подкастот.

May 10, 202301:00:22
StereoTip ep03

StereoTip ep03

Слушнете ја третата епизода од подкастот "СтереоТип"

May 10, 202301:07:19
Izdishi se ep04

Izdishi se ep04

Импостер синдром-предизвикот на 21 век Во четвртата епиозда на подкастот „Издиши се”, разговаравме за тоа што претставува Импостер синдром или познат и како „Синдром на измамник”. Со нашата гостинка Радмила Живановиќ, лиценциран психолог-психотерапевт во “Психотерапика” се обидовме да откриеме како да се препознае овој синдром и како да се намали неговото влијание во секојдневието. Преку едукативниот разговор ви откриваме каков е неговиот ефект врз нас и нашите блиски, но и од каде е неговото потекло.

Apr 28, 202338:04
Seksi Maalo ep02

Seksi Maalo ep02

Дали сте се запрашале што е тоа аромантичност? А асексуалност? На тема #врски, во втората епизода на Секси Маало Раф и Теа дискутираат за нивните етикети и за животот како дел од заедницата на аромантични и асексуални лица. Стиснете плеј и уживајте!

Apr 26, 202341:50
Guerilla Radio
Apr 21, 202301:32:16
збор - звук - сила ep06

збор - звук - сила ep06

Во шестото издание на „Збор, звук, сила“ (Word Sound & Power) Регесаурус Гето Руди зборува за една мелодија родена на Јамајка, која ден-денес е актуелна и музичарите се уште ја препеваат! Најпрвин испеана е од големиот Џеки Миту, кога 60-тите почнаа да им го отстапуваат местото на 70-тите, Hot Milk Riddim, познат како Murderer, оттогаш е извор на хит песни. Снимена во Студио 1 на сер Клемент Коксон Дод, а потоа ремиксувана во реге, рабадаб, денсхол и степерс стил. Уживаме и во неколку песни од Кирил Џајковски на крајот!

Apr 21, 202301:05:11
Hip Hop Mania ep07

Hip Hop Mania ep07

Клик на плеј копчето и уживајте во емисијата што ви ја подготвил Бесениот Витез ака Дино Шкрињариќ каде што споделува импресии од концертот на Џака Накот, но и прави селекција на песни од четвртиот студиски албум на американскиот рапер Снуп Дог наречен No Limit Top Dogg.

Apr 20, 202301:35:18
Jas sum Cako ep07

Jas sum Cako ep07

На линкот ја имате последната епизода од серијалот „Јас сум Цако“, каде што разговараме со Ана Пандевска за различни теми околу културниот живот и човековите права. Ќе слушаме и нејзина авторска музика, затоа клик на плеј копчето и уживајте!

Apr 20, 202327:50
збор - звук - сила ep05

збор - звук - сила ep05

Гето Руди ја отвора својата душа во ова издание на ЗЗС и зборува за своите влијанија во реге музиката. Слушаме реге од Македонија, преку Србија и Јамајка до Хаваите! За вистинските музички сладокусци!

Apr 14, 202301:07:56
Заедничарење E02: Нихон-Џи - Прифаќање на технологијата без предрасуди

Заедничарење E02: Нихон-Џи - Прифаќање на технологијата без предрасуди

Во подкастот „Заедничарење“, Билјана Кочоска од организацискиот тим на „Нихон-Џи“ потврдува дека фестивалот за јапонска култура и годинава оди по принципот „од заедницата за заедницата“.

Japan@mk e неформална организација, па се споиле со Здружението „3.14 Брокули”, кои излегле во пресрет за да се направи сметка за донирации преку краудфандинг сервисот ecrowd.mk. Освен што секој може да вложи барем по 100 денари за фестивалот, поентата е луѓето да се почувствуваат дека се дел од нешто заедничко, солидарно.

„Ако се вратам на Japan@mk, таа произлезе од ‘Слободен софтвер’. Соработував со нив и тие ширеа слободна култура, ги едуцираа луѓето што значи слободен софтвер, како може да се шири културата без копирајтинг, без ограничувања. Така да, тоа беше еден вид антикапиталистичко движење. Во тој период организиравме настани од типот на ‘Слободно кино’ во старата ‘Точка’. Едноставно, од тоа ми дојде идејата, бидејќи отсекогаш бев љубител на јапонска култура, Аниме, се’ што е поврзано со Јапонија, традиција, технологија… Значи, идејата беше споделување на таа култура и поврзување на луѓето“, посочува Кочоска.



Apr 13, 202301:06:08
Seksi maalo ep01

Seksi maalo ep01

Слушнете ја првата епизода од единаесеттата сезона на Секси маало
Тема: Врски

Apr 13, 202301:01:19
Izdishi se ep03

Izdishi se ep03

Тема: : Емоционалната интелигенција – чекор до успешен живот
„Издиши се” - Подкаст за “поправка” на скојдневното расположение.
Во третата епиозда на подкастот „Издиши се”, разговараме за тоа што претставува емоционална интелигенција, како се развива и кои се нејзините главни карактеристики.
Со нашата гостинка Марија од Здружението на студенти Психеско, преку едукативен разговор се обидовме да го добилижиме терминот емоционална интелигенција до слушателите и да им дадеме насоки како да ја зголемат и како да ја контролираат.

Apr 12, 202334:31
Stereo Tip ep02

Stereo Tip ep02

Слушајте ја втората епизода на Стерео Тип, во која Иван и Стефан дискутираат за подкаст драмата во Македонија , cancel culture, менталното здравје и состојбата на музиката во 2023 година.

Apr 12, 202355:06